Трето место за делчевcкиот тим на меѓународниот ораторски натпревар Balkan Voices 2025

И оваа година тимот на оратори се претстави со одлични резултати на меѓународниот натпревар по ораторство Balkan Voices 2025 кое се одржа во американскиот универзитет во Благоевград –AUBG од 14-ти до 16-ти Март, 2025 год. Трите динамични денови беа исполнети со безброј дебати, натпреварување и презентации. Нашите ученици учествуваа во сите предвидени активности и видови на натпревари: Original Oratory & Extemporaneous Speeches. Двајца ученици се пласираа во полуфинале а ученикот Лука Стоименовски го освои бронзениот пехар за трето место во категоријата на Extemporaneous Speeches. Тимот од натпреварувачи – Јована Димитровска од втора година, Лука Стоименовски од трета година и Ана Ангеловска од четврта година од СОУ Методи Митевски – Брицо, беа придружувани од јуниорски претставник и логистика Амелиа Џемал од осмо одделение од Св. Климент Охридски; ко-менторот Амелиа Џонстон, волонтер на Мировниот Корпус и коуч-менторот проф. Желеанка Демирова.
Благодарност до целиот тим за успешното претставување на ваков престижен натпревар.