УПИСИ 2018-2019

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта

за учебната 2018/2019 година во Република Македонија

 

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „МЕТОДИ МИТЕВСКИ – БРИЦО“

Во прва година ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

Гимназиско образование – 170 ученици, 5 паралелки, 60 минимум поени
Текстилно – кожарска струка – 68 ученици, 2 паралелки
– конфекциски техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
– текстилен техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
Хемиско – технолошка струка – 34 ученици, 1 паралелка

– прехранбен техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени

 

II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во натамошниот текст:
училишта) во учебната 2018/2019 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со
Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука, Законот за
спортската академија и со овој Конкурс.
Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година
во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование
(струка) го има во општината, односно регионот. Наставата се изведува на македонски
јазик и кирилско писмо.
За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од
македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, наставата во јавните средни училишта се
изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница.
Условите за запишување на учениците се:
– да имаат завршено основно образование;
– да не се постари од 17 години;
– да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:
а) гимназиско образование;
б) стручно образование и обука;
в) средно уметничко образование;
г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби;
– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од
училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и
државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што
се од значење за струката односно изборното подрачје);
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со две
пријавувања во месец јуни.
Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 18 и 19 јуни 2018
година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават
на 20 јуни 2018 година.
Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно
образование на 22 јуни 2018 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават
46
на 25 јуни 2018 година. Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се
реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.
По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците
кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната
доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа.
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 28 јуни 2018
година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2018
година.
За учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за
побрзо напредување, се организира втор уписен рок во месец август, во
училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок.
Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 23
август 2018 година, а резултатите од запишувањето на учениците ќе се објават на 24
август 2018 година.
Пријавувањето за програмата Меѓународна матура во Гимназијата “Јосип Броз
Тито” се врши од 7 до 17 мај 2018 година.

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Критериуми за избор на учениците се:
− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик,
странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и
државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од
Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик и
наставни предмети што се од значење за струката односно изборното
подрачје;
− средна вредност од поени добиени за поведение.
Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број
со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите
значајни за струката.
Во средното уметничко образование (музичко, балетско и ликовно) и спортската
гимназија, училиштата утврдуваат дополнителни критериуми.
За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени
(општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири
и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два
наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се
значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој
предмет).
За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие
најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено
место од државни натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III
место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
47
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може
да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро
поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени.
Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто
одделение поделен со 4).
Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие
најмногу 80 поени.
Утврдениот број минимум поени за првото пријавување, се составен дел на овој
Конкурс.
Училиштата за второто пријавување, можат да го намалат утврдениот број на
минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско
образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.
Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување да го истакнат
утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во
определен план и програма. Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши на 25
јуни 2018 година за второто пријавување.
За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Македонија, а едно,
две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие
одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на
ученици дадени погоре.

Leave a Reply