Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија, објавен од Министерството за образование, Училишната комисија на СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчево за запишување на ученици во учебната 2020/2021 година , го објави следниот:
К О Н К У Р С
за запишување ученици во прва година за за учебната 2020/2021 година
I. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ И ПАРАЛЕЛКИ
Во I- ва година ќе се запишат вкупно:
- 5 паралелки со вкупно 170 ученици во гимназиско образование
- 2 паралелки со вкупно 68 ученици во Текстилно кожарска струка/ Текстил, кожа и слични производи и тоа 1 паралелка образовен профил Техничар за изработка на облеката и 1 паралелка образовен профил Техничар за моделирање на облеката
- 1 паралелка со 34 ученици Хемиско-технолошка струка/ Хемија и технологија, образовен профил Прехранбен техничар
При пријавувањето за гимназиско образование потребно е учениците уште при самиот упис да се определат согласно своите афинитети, за соодветното подрачје и комбинација(А или Б) што ќе ја изучуваат во текот на нивното образование
Природно – математичко подрачје (комбинација А)
Природно – математичко подрачје (комбинација Б)
Опшествено – хуманистичко подрачје (комбинација А)
Опшествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б)
Јазично – уметничко подрачје (комбинација А)
Јазично – уметничко подрачје (комбинација Б)
II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
- да имаат завршено основно образование
- да не се постари од 17 години
- да се определиле за план и програма за гимназиско образование
- да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој КОНКУРС
III. КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, две пријавувања во месец јуни и едно пријавувањe во месец јули.
Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.
По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 48
часа.
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 година.
Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 24 август 2020 година за што доставуваат доказна документација.
Интерниот оглас за упис на ученици во прва година за учебната 2020/2021 година можете да го видите на следниот линк