Почитувани родители, почитувани полуматуранти, идни наши ученици!
Пријавите за упис во прва година за учебната 2020/2021 година од денес се достапни за преземање од веб страната на Министерството за образование и наука. Истaта може да ја преземете на следниот линк
Пријавa за упис во прва година за учебната 2020/2021
Доставување само на комплетни документи и тоа:
1) пријава за запишување која задолжително претходно треба да биде пополнета
2) оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
3) дипломи, (доколку имате) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки,
математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
4) извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето)
Дојдете подготвени на 16 и 17 јуни 2020 година од 07:00 часот до 19:00 часот.
СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчево Ви посакува добредојде и верувајте дека сте го направиле вистинскиот избор.
Интерниот оглас за упис на ученици во прва година за учебната 2020/2021 година можете да го видите на следниот линк
Интерен оглас СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчевo
Учениците, наставниците и останатите вработени во училиштето кои учествуваат во изведувањето на уписите задолжително мора да го почитувааат интерниот протокол за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година со физичко присуство на учениците согласно со мерките на надлежните органи за спречување на внесување и ширење на COVID-19. кој се состои од исполнување на здравствени критериуми, почитување на начинот на влегување во зградата на училиштето, престој во зградата на училиштето и просториите во училиштето, излегување од зградата на училиштето и одржување и чистење на зградата на училиштето и просториите во училиштето