Balkan Voices International Tournament e меѓународен натпревар во ораторство на кој учествуваат средношколци од целиот регион на Балканот, Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија и Бугарија. Се одржува на American University in Bulgaria во Благоевград и им дава на учениците можност да се сретнат со врсници од соседните земји и да негуваат важни меѓукултурни односи. Натпреварот во ораторство, “Balkan Voices” претставува одлична можност учениците да ги подобруваат вештините за јавно говорење, аргументирано и структурирано изразување и негување на стилската инвентивност.
Во периодот 26-28 април 2021 беше одржан четвртиот по ред меѓународен натпревар “Balkan Voices”, на кој со своја екипа и претставници учестуваше и СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчево со учениците Андреа Толевска, Магдалена Георгиевска, Елена Ангеловска, Даниел Костадиновски, Давид Михаиловски, Антониј Цонев и Давид Поповски.
Оваа година поради пандемијата натпреварот беше одржан онлајн и без физичко присуство. Нашата екипа покажа огромна подготвеност и посветеност. Натпреварот беше одржан во 3 рунди, полуфинале и финале. Нашите претставници успеаја да освојат четири од вкупнo дванаесет места. Додека пак како финалисти учениците од нашата гимназија освоија две од вкупно шест места. Првото место, воедно и победник на овогодинешниот интернационален натпревар по ораторство “Balkan Voices” одржан од страна на Американскиот Универзитет во Бугарија во Благоевград го освои ученикот Давид Михаиловски од II година, а шестото место го освои ученичката Андреа Толевска од I година.
Успехот на нашите ученици под менторство на професорката по англиски јазик Желеанка Демирова е огромен, затоа што таа секојдневно ги поттикнуваше и влеваше неверојатно чувство на амбиција со една преданост од која произлегува љубов кон професијата, а тоа се огледува во успехот на нашите ученици.
Честитки за нашите ученици. Се гордееме со вас.
Нема ништо поуспешно од успех!