Учениците од СОУ ,,М.М-Брицо” Делчево во посета на Средна Стручна Школа од Пирот

СОУ„Методи Митевски – Брицо“, Делчево во соработка со Средна Стручна Школа, Пирот го заокружија циклусот на размени предвидени во својот проект Don’t Give Up, Gift Up . На втората размена, учениците од СОУ„Методи Митевски – Брицо“ Делчево од 8ми до 14ти мај, беа во посета на Пирот.

Беше дадено можност за учество на младинци кои немале досега можност од најразлични причини да бидат дел од слични едукативни програми.

Самите програмски содржини се осмислени да се имплементираат преку обуки на учениците и на двете размени а се дел од мисијата на Регионалната Канцеларија за Развој на Младите RYCO, подржана од останатите донатори на Западен Балкан, EU, GIZ, BMZ. Така, во овој проект и на двете локации, обуките со тема од Интеркултурен дијалог, се одвиваа во утринските часови во просториите на соодветното училиште а остатокот планиран за посета надвор беше во согласност и надоврзување на содржините поминати преку денот.

Во Пирот, проектниот тим од 10 ученици со своите наставници беа топло пречекани од партнерското училиште. Се посетија многу познати организации и локации како Млечна Школа за Изработка на Кашкавал, организацијата Дамски Свет за изработка на познатиот Пиротски ќилим, кој изобилува со традија и вредности. Од верските обележја беа посетени два манастири во областа на Димитровград, Погановски Манастир и Суковски Манастир. И на двете локации учениците имаа можности да присуствуваат на одлични предавања, првото за историјатот а второто за теми од секојдневниот живот со тони на мотивација за младите. Од знаменитостите на градот исто беа издвоени и Музејот Понишљава кој изобилува со бесценети артефакти, како и посетата на Драмскиот Културен Центар.

Проектниот тим, покрај дигиталните производи, излезе и со свој заеднички продукт – беа изработени креми за тело и есенцијално масло во хемиската лабораторија во Средна Стручна Школа Пирот. Заедничко е затоа што се користеше борови иглички од планината Голак а останатите органски производи се од Пирот. Целиот тим се научи како се произведуваат креми од органско производство.

Меѓудругото, една од целите на проектот е и поттикнување на талентите и зголемување на личните и академски вештини – учениците како продолжение на првиот дел, ги даруваа своите таленти на втората размена со повеќекратно учество во активности на завршниот настан во училиштето како спорт, уметност, музика, креативно пишување на есеи и поезија, итн.

Со тоа се исполнија предвидените цели и очекуваните резултати на проектот, а учесниците се стекнаа со богато искуство на реализација и иницирање на настани кои ќе им послужи во остатокот на нивниот личен и професионален развој.