Ученички стипендии за нашите млади талентирани ученици

„Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот.“ – Нелсон Мандела

Учениците од СОУ “Методи Митевски – Брицо ” – Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2019/2020 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 18 средношколци кои аплицирале во двете категории согласно со јавно објавениот Конкурс кои ги исполнија условите согласно со предвидените критериуми, ќе добиваат стипендии од Буџетот на Општина Делчево за период од 9 месеци. Решенијата ги додели градоначалникот на општина Делчево, господинот Горан Трајковски кој истакна дека му претставува посебно задоволство што денеска и официјално ги доделува ученичките стипендии на нашите млади талентирани ученици Потребите од зголемување на бројот на ученици кои ќе добиваат стипендии е резултат на големиот интерес за општински стипендии кај средношколците кои со својот континуиран одличен успех и постигнатите резултати на натпреварите заслужуваат поддршка од Општината и е во согласнот со политиката за поддршка и мотивација на талентираните ученици за постигнување подобри резултати во образовниот процес.

Бројот на предвидени стипендии согласно со Програмата се зголемува два пати во последниве две години, односно од 12 на 28 стипендии. Оваа година почитувајќи ги критериумите, Комисијата одлучи да се доделат 18 ученички стипендии во двете категории и во износ од 1000 денари, односно 1,500 денари и 10 студентски стипендии во износ од 2000 денари, односно 3,500 денари.