12 Ученици од нашето училиште беа дел од едукативната екскурзија во Бугарија

На 18 и 19 октомври група   ученици од нашето училиште беа поканети  од фондацијата „Бугарска Памет“ да ги посетат Благоевград и Софија. Тие заедно со учиеници и од општините Берово, Пехчево, Виница и Македонска Каменица ја реализираа едукативната екскурзија. Сите трошоци за екскурзијата беа покриени од фондацијата.

Фондацијата „Бугарска Памет“ е непрофитабилна организација чија мисија е да подржува и промовира иницијативи во духот на демократските вредности  на Европската Унија – плурализам, толерантност, солидарност. Посебен акцент е ставен на образовните иницијативи и современото образование за да можат младите да се вклучат во европскиот пазар на труд.

Целта на посетата  е запознавање со можностите за соработка со фондацијата  засновани  на европските принципи и вредности, современите образовни потреби кои им се неопходни на младите за да можат да се носат со идните предизвици.

 

 

Првата станица на патувањето на учениците беше во Благоевград. Таму го посетија Регионалниот историски музеј и прошетаа по калдрмата на стариот град  „Вароша“.  Ја посетија и куќата-музиеј  на Георги Измирлиев-Македончето  која е дел од комплексот „Вароша“ и  црквата „Воведение Богородично“.  Потоа следуваше прошетка во центарат на градот, и ручек во ресторантот „Ларж“. По ручекот патувањето продолжи за Софија, каде последните часови од денот беа искористени за посета на молот „Бугарија“.

Во Софија групата беше сместена во хотрлот „Феста“.

   

Утрешниот ден исто така имаше и едукативен и забавен карактер.  Денот започна со прекрасна презентација  на тема „Европска унија“ која ја организираше  Младинската група „Европа“ , а презентер беше Јорданка Тодорова. Таа  им раскажа како е создадена Европската унија, каква е нејзината структура, како функционира, каква улога играат нејзините главни институции, кое е нејзиното значење за земјите-членки на ЕУ и нивните граѓани и какви можности за развој им нуди. Во текот на презентацијата имаше мотивирачки квиз во кој најактивните ученици добија награди.


По презентацијата учениците се  сретнаа и разговараа со д-р Милен Врабевски и тимот на фондацијата „Бугарска Памет“  за можностите за развој на кариера и нејзина  успешна реализација во иднина.  Докторот  ги покани учениците  на XXIII есенски семинар на Фондацијата “Бугарска меморија” на тема “Претприемништвото и висока технологија” што ќе се одржи во Делчево, на 16 ноември по иницијатива и со средства на Фондацијата.

По инспиративните утрински активности, учениците  се упатија кон центарот на Софија, каде што го разгледаа централното подрачје  на главниот град. Потоа околу 17 часот групате ја напушти Софија и замина за Делчево.

Оваа образовниот екскурзија е дел  од долгогодишната програма на Фондацијата “Бугарска меморија”, финансирана лично од д-р Врабевски за прекугранична соработка што дава позитивни резултати за развојот на добрите односи меѓу луѓето од двете страни на границата во името на нашата заедничка европска иднина .