3 мај-Светскиот ден на слободата на медиумите

„Пред вистината и боговите молчат“

3 мај, Светскиот ден на слободата на медиумите, на сите оние кои се борат за слободата на изразувањето и ги бранат човековите права насекаде низ светот. Слободата на изразувањето и слободата на медиумите се особено важни за напредокот на знаењето, економските можности и човековиот потенцијал.

Дури и во време на најголеми тешкотии се потврдува дека информираното и образувано граѓанство е клучен предуслов за демократија. Слободни и одговорни медиуми се неопходни во секое општество за да се обезбеди слобода на мислење и плуралистичко изразување.

Медиумите се нашите животи. Од моментот кога ќе не разбуди будилникот или мобилниот телефон, целиот ден во контакт сме со билборди ,постери , списанија и весници се додека не се заспие со вклучен телевизор или компјутер. За да го споделиме нашето искуство со пријателите користиме различни видови медиуми : смс пораки, електронска пошта, телефон, писма итн. Свесно или не, дневно преку различни медиуми добиваме илјадници информации и пораки.

Информацијата не смее да е интерпретација, таа е основно човеково право, особено кога сме колективно засегнати за вистинотоста на вистинската информација.

Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува од 1993 година, со цел да се подигне јавната свест за значењето на слободата на медиумите и да се потсетат владите на нивната обврска да го ја почитуваат и поддржуваат слободата на говорот. Денот на слободата на медиумите ја одбележува Декларацијата од Виндхук од 1991 година, документ со принципите на слободата на печатот на новинари од африкански дневни весници.