Училишната библиотека е составен дел на целокупната воспитно – образовна дејност во СОУ „ М.М.Брицо“. Таа претставува интегрален дел на училиштето и зазема значајно место во наставниот процес. Преку училишната библиотека се остварува врската меѓу наставата, наставниците и учениците.
Училишната библиотека располага со голем број на книги, поточно заклучно со 05.09.2017 година тој фонд изнесува 15 667 книги. Бројот на книги континуирано расте секоја година со околу 400 нови книги.
Книжниот фонд го сочинуваат: задолжителна училишна лектира, слободна белетристика, уметничка и научна литература, енциклопеди, лексикони, речници, атласи, библиографии. Покрај на македонски јазик библиотеката располага со стручна и слободна литература и на други јазици: англиски, француски, турски, ромски, албански, српски, хрватски.
Книжниот фонд е стручно обработен, именоинвентиран, сигнатиран и каталогизиран. Книгите се сместени и селектирани по сигнатура, инвентарен број и формат.
Освен издавање на книги и лектири, во училишната библиотека се врши прием и распределба на бесплатните учебници за учениците.
Корисници на библиотечниот фонд се учениците и вработените од СОУ „М.М.Брицо“ Нивниот број постојано расте и се движи годишно по околу 400 членови.
Во училишната библиотека од одамна функционира правилото „ Во библиотеката секогаш можеш да подариш книга“ така да многу од учениците и вработените нивни книги што ги имаат прочитано ги донираат на библиотеката и со тоа го зголемуваат библиотечниот фонд.
Донации на книги има и од страна на државни институции и фирми.
Работно време на библиотеката: од 7:30 до 15:30
Библиотекар: Славица Рунтевска