ЕКО СТАНДАРДИ

Во април 2011 година училиштето се вклучи во програмата „Интеграција на еколошкото образование во македонскиот образовен систем“ што ја спроведуваат здружението на граѓани ОХО , Швајцарската агенција за развој и Министерството за образование и наука во Р.Македонија.
Во учебната 2017/2018 наставниците имаат обврска, индивидуално или на ниво на стручен актив, да интегрират содржини со точки на акции од четирите еко стандарди (во постоечките наставни предмети и број на часови, без промена на наставните планови.

1. Заштеда на енергија
2. Заштеда на вода
3. Одржување на зградата и здрава животна средина
4. Уреден еколошки двор

Целта на програмата Интеграција на еколошката едукација во образовниот систем е подигање нивото на еколошката свест кај учениците и создавање на здрава животна средина на локално и глобално ниво.
Формиран е Еко-одбор во кој членуваат, наставници, ученици, претставници од техничкиот персонал, претстасвници од Совет на родители и Училишниот одбор.
Оваа програма во себе вклучува седум чекори што училиштето треба да ги реализира. Вклучувањето и активната улога на учениците е една од главните цели како и соработката на училиштето со локалната заедница, родителите, бизнис секторот, медиумите и сите други фактори од заедницата.

Анализата на состојбата на животната средина- е изработена за да се утврди во каква состојба се наоѓа училиштето. Со анализата се добиени податоци и информации за: колку отпад се произведува, колку вода се троши, каква е состојбата со водоводната инсталација, какви средства за чистење се употребуваат, каква е состојбата во училишниот двор , колкав е степенот на свесноста за заштитата на животната средина и какви активности презема училиштето околу тоа. Со помош на анализата се овозможува воспоставување приоритети за активностите кои ќе се преземат со што се изготвува план на активности.

Планот на активности за реализација на еколошката програма- се прави за секоја учебна година со избор на точките на акција од еко- стандардите, односно стандардите за одржлив развој. Планот на активности ги содржи целите за реализација, времето и начинот на реализација, одговорните лица и планираните потребни средства како и следење и евалуација на планот на активности од еколошката програмакој се состои од методи на следење на реализираните активности од планот на активности и евалуирање на постигнатите резултати со користење на индикатори за реализираните активности.

Дополнително се изведуваат соодветни активности во рамките на наставниот план и програма кои ги вклучуваат и датумите од еколошкиот календар.
Еколошката програма се поврзува со редовната настава преку:

Интегрирање на еколошките содржини од деветте еколошки теми во предметите, наставните содржини и часовите по соодветнотa година. Со тоа се збогатуваат постоечките предмети со еколошки содржини и содржини за заштита на животната средина. Учениците, децата, вработените и пошироката заедница добиваат знаења за конкретните акции кои ги презема училиштето за заштитата на животната средина и реализацијата на програмата . Дирекната вклученост на учениците во реализацијата на предвидените активности е преку формирањето на Еко- патроли кои се формираат преку доставување на списоци за организација  на учениците од различни возрасни групи во составот на еко-патролите за реализација на еколошката програма. Еко-патролите подготвуваат извештаи и листи за следење на реализацијата на точките на акција од воспоставените еко-стандарди.

-Еколошки акции и кампањи се организраат како дел од еколошката програма со цел да се промовираат еколошките активности во пошироката заедница, да се подигне свеста и да се вклучат поголем број на ученици, деца, вработени, родители, медиуми и сл.

-Се реализираат активности од кампањата „Здрава храна “ со цел едукација на учениците за здравата исхрана, подигање на свеста, подигање на училишниот активизам, промоција и вклучување на родителите.

-Еко-кодекс- ја дефинира целата мисија на училиштето и претставува заеднички став односно правилник на однесување на сите вклучени во еколошката програма. На јасен и декларативен начин се покажува посветеноста на училиштето за подобрување на условите во кои се учи и работи. Еко-кодексот е истакнат на видно место.

-Се планира активно учество на наставнците и вработените на понудени обуки од еколошката програма.

-Се воспоставува соработка со општината за реализација на еколошката програма на локално ниво со потпишување на Меморандум за соработка.