≡НАСТАВНА ПРОГРАМА
Историјат за Текстилно-Кожарската струка
Со Решение бр.11-1551/1 од 01.09.1983година на републичкиот комитет за образование и наука е извршена верификација на воспитно-образовната дејност на текстилната насока, организирана во училишниот центар за средно образование во Методи Митевски -Брицо.
Од формирањето до сега на нашата срука можеме да се пофалиме со нашите ученици.Голем дел од нив имаат завршено високо образование и се успешни луѓе. Благодарение на постоењето на текстилната струка во СОУ Методи Митевски – Брицо нашето училиште влезе во еден од поголемите проекти во образованието во Република Македонија. Под покровителство на УСАИД и нивната компонента СЕА (secundary education activity) нашето училиште беше избрано во првите 15 средни училишта да ја следи обуката за унапредување на наставата и отворање на реална училишна компанија. Покрај тоа училиштето доби донација во опрема (машини за кроење и шиење односно цела работилница) која и денес се користи во секојдневната настава и допринесува за оспособување на учениците во стекнувањето на стручни знаења и вештини. Здобиените знаења учениците ги прикажаа на Образовното рандеву во повеќе области (модна ревија, уредување на штанд, натпревар за маркетинг план, натпревар за идејно решение на постер) при што се здобија и со соодветни награди, а училишниот тим изврши презентација на постигнатите резултати од спроведувањето на активностите од овој проект.
Од проектот на Европската Агенција за Реконструкција имаме донација на текстилни машини во вредност од 30 000 евра. Со овие две донации целосно се опремени две работилници каде се изведува практичниот дел од наставата .
Од 2006 секоја година нашите ученици учествуваат на Образовното Рандеву на Модна ревија со изработени сопствени модели .Освен презентацијата на моделите на овој настан нашите ученици со сопствена модна ревија учествуваат и на различни други настани кои се случуваат во нашиот град како на пример: патрониот празник на училиштето, избор на вешта жена, денот на нашите просветители Кирил и Методиј, Гоцеви Денови и.т.н.
Слајдер од модните ревии низ годините
Зошто е добро да се биде ученик во текстилно кожарската струка
Затоа што има одлични услови за изведување на теоретската и практичната настава, наставна програма која може да ја совлада секој ученик, стручен и оспособен наставен кадар, можност за запишување на сите факултети после завршувањето на средното образование, можност за вработување во сите текстилни фабрики.
Затоa не заостануваат и резултатите на учениците од оваа струка. Имено под менторство на професорите по стручни предмети и практична настава секоја година учениците изработуваат најразлични модели на облека кои ги презентираат на модна ревија по повод патрониот празник на училиштето, Образовното Рандеву, Fashion trash и други пригоди. Исто така нашите ученици можат да учествуваат и во натпревари за изработка на бизнис план, маркетинг план, професионална биографија, фотографија.