Училишниот одбор е орган на управување во училиштето. Тој брои дванаесет члена: тројца претставници од основачот на училиштето – општина Делчево, тројца претставници од родителите на учениците, еден член од Министерството за образование и наука, еден член од Стопанска комора и четири претставници од наставниците. Училишниот одбор на училиштето:
- го донесува Статутот;
- предлага Годишна програма за работа и извештај за работа до Минстерството;
- објавува јавен оглас за избор на директор, во најмалку три дневни весници кои се издаваат на цела територија н аРепублика Северна Македонија од кои еден од весниците кој се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик ;
- предлага годишен финансиски план до Министерството, предлага завршна сметка;
- дава мислење во врска со приговор на наставник и стручен соработник за оценката на нивната работа;
- одлучува по жалбите на ученици, родители
- дава мислење за именување и разрешување на директорот;
- ја разгледува реализацијата на Годишната програма за работа;
- разгледува и други прашања утврдени со Статутот на училиштето;
С П И С О К
НА ПРЕТСТАВНИЦИ ВО УЧИЛИШНИОТ ОДБОР НА УЧИЛИШТЕТО
- Од редот на наставниците:
· Желеанка Демирова -наставник по Англиски јазик-ПРЕТСЕДАТЕЛ
· Весна Соколовска -наставник по Македонски јазик и литература
· Лилјана Дамјанова – наставник по Математика
· Јасминка Величковска – наставник по Физика
- Од редот на локалната самоуправа
· Сузана Петровска
· Татјана Стојковска
· Македонка Поповска
· Од редот на родителите
· Магдалена Жежовска
·Даниела Николовска
· Билјана Дончевска
Истите се именувани за периодот до завршувањето на средното образование на нивното дете.(Чл.88 став 8 од ЗСО-консолидиран текст)
5.Преставник од Деловна заедница
-Виолета Смилевска
СОУ „ММ-БРИЦО„
Д Е Л Ч Е В О
