По повод Месецот на книгата, Домот на културата „Илинден“ и НБ „Петре М.Андреевски“-Демир Хисар распишаа Државен конкурс за краток расказ 2021. На конкурсот, во категорија Ученици , втората награда и припадна на ученичката Ева Ивановска, од I-2 клас при СОУ „ М.М-Брицо“ . Ученичката се стекна со комплет книги и Признание за освоена втора награда на Државниот награден конкурс.
Честитки за нашата ученичка,со желби за поголеми успеси.