„ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ е пролетна акција за чистење и селектирање отпад.
Ученици од нашето училиште, предводени од проф.Лидија Таушански, денес се дел од најавената пролетна акција „Генералка викенд“. Преку оваа акција испраќаме порака за чиста околина за сите нас.
Генералка викенд се реализира заедно со Пивара Скопје и ПАКОМАК, со поддршка од Нула Отпад и Шпаркасе Банка и МЕН ЕНД МАУНТЕН. Истата ќе опфати во 53 општини со учество на 85% од вкупното население на Северна Македонија, повеќе од 13.000 волонтери и повеќе од 400 училишта.