Гордоста на генерацијата 2016-2020 на СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчево

Честитки за најдобрите! Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во своите соништа. Затоа продолжете да верувате во себе и во вашите соништа. Успехот се остварува на патот кон врвот, а не на самиот врв.

И не забораваjте, светот e ваш!

  1. Верица Ѓеоргиева
  2. Евгенија Пандова
  3. Михаела Маневска
  4. Ангела Ефтимовска
  5. Даниела Таковска
  6. Ангела Васева
  7. Моника Јовевска
  8. Мирче Ѓеорѓиевски
  9. Анастасија Димитровска
  10. Леонид Петровски

Успехот не доаѓа сам, туку мораме да одиме кон него. Ученичката која го покажа патот по кој треба да чекорат и останатите генерации, постави високи критериуми и затоа се закити со титулата ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА е Верица Ѓеоргиева.

Наместо традиционалната и планирана екскурзија низ Европа која е одложена поради актуелната состојба, десетте најдобри матуранти од СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчево, ќе добијат парични награди од Буџетот на Општина Делчево за поддршка на млади таленти. Одлуката на предлог на градоначалникот Горан Трајковски ја усвои Советот на Општина Делчево, со што согласно одлуката, десетте најдобри матуранти од СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчево ќе добијат парична награда во износ од 20.000 денари.

Им посакуваме уште многу големи и мали победи кои ќе им донесат безброј радости, насмевки и остварување на сите желби!