Дрогата, царство на злото

Наркоманија. Поим за кој во нашиот град толку многу се зборува, а толку малку се кажува. Дали е тоа поради некомпетентноста на личностите кои за тоа зборуваат, или пак поради незаинтересираноста на оние кон кои тие зборови се упатени, нека процени секој сам.

Ако се запрашаме што е всушност наркоманијата и поради што е таа кај нас е се повеќе застапена, ќе сфатиме дека за тоа треба уште многу работи да се кажат. Да се надеваме дека ова нема да биде уште една од оние досадни приказни во кои се раскажува, раскажува, а ништо не се кажува…

Дрогата, најголем порок на денешнината

Во овој 21 век, опасностите за младите луѓе демнат од сите страни. Дрога, алкохол, цигари се едни од најголемите пороци на кои младите се потчинуваат. Некогаш тоа го прават за да се вклопат полесно во друштвото, да имаат поголем круг на пријатели, но дали тоа е правилно, дали подоцна нема да се плати скапо ? Никој од нив не размислува за последиците, сите трчаат без размислување кон непознатото, љубопитни се. Тоа се добри особини, но кога се работи за пороците не е така. Алкохолот, цигарите, дрогата се опасни пороци. Дрогата, како најопасен порок, целосно го уништува човекот, и не само него, туку и целата околина, родителите, пријателите… Дрогата навлегува во организамот и предизвикува зависност.

Проблемот на наркоманија кај средношколците

Во училиштата не се зборува доволно за дрогите и нивните последици. На учениците, а особено средношколците им се неопходни повеќе програми и кампањи за да се запознаат повеќе со дрогите и нивните последици за да можат да донесат свој став околу штетноста на дрогите и да донесат одлука дали ќе користат или не. Во врска со овој проблем на денешницата треба да има поголем број на предавања, обуку и работилници во училиштата, телевизија и интернет, се со цел да ја превентираат употребата на наркотици. Но, на истите овие места и дилерите ги поставуваат своите замки. Најчесто преку интернетот се поврзуваат со потенцијалната жртва, кажуваат дека нема ништо лошо еднаш да се проба. Но, секогаш треба да се има на ум дека и еднаш е доволно за да си го уништиме животот. Затоа, илјада пати размислете пред да пробате, бидејќи животот е само еден .

Училиштето како значаен фактор во превенцијата и сузбивањето на зависноста од дрога кај младите

Училиштето преставува втор дом на детето, институција каде што тоа ce образува и ce воспитува, a во ситуации кога семејството не посветува доволно внимание на социјализацијата, училиштето треба да го надополни пропуштеното. Тоа подразбира ставање посебен акцент на воспитниот процес на училиштето од страна на наставниците. Денес, во време на кризи, слабеење на моралните норми и вредности, слабеење на семејната кохезија, зголемен процент на социопатолошки појави, a посебно зависноста од дрога, неминовна е улогата на училиштето како фактор во борбата против девијантните појави. Посебно е потенцирано значењето на училиштето во сузбивање на зависноста од дрога, бидејќи зависниците почнуваат да злоупотребуваат дрога на свои 13-14 години, периодот на адолесценција и времето кога детето голем дел од своето време го поминува на училиште и со своите врсници, кои најчесто ce негови соученици и оттаму произлегува значајноста на училиштето во борбата против зависноста од дрога.

Имајќи ja предвид ситуацијата дека зависноста од дрога во последните десетина години кај нас е cè поприсутна, пред cè меѓу школската популација и младината, нашето училиште ce обидува активно да ce вклучи во спречување и во сузбивање на оваа појава на разни начини. За таа цел, во нашето училиште на 18 и 19 февруару се одржа заедничка обука на тема “Нелегални дроги” за учениците и нивните родители организирана од страна на претставници на ОВР Делчево. Обуката имаше превентивен и едукативен карактер, се со цел младата популација (учениците од  училиштето), како и нивните родители да бидат запознаени со најчестите причини  и  опасности од користење  и употреба на  дрога.

Исто така, преку презентацијата, на присутните ученици и родители им беше укажано за штетните последици (здравствени, психолошки, семејни, социјални, училишни и финансиски) кои настануваат при употребата на дрогата, законските одредби на Кривичниот законик на Р.Македонија и санкции за лицата кои ги чинат овие кривични дела. Целта на обуката е јакнење на превентивната улога на полицијата преку проактивен пристап-соработка со заедницата, да се  зголеми превенцијата околу  злоупотребата  на дрогите и личната заштита на  најмладата популација.

ДРОГА? НЕ, БЛАГОДАРАМ!