🍯🔬
Учениците од прехранбена насока при СОУ „М.М.-Брицо“ – Делчево реализираа едукативна посета на Лабораторијата за биологија и селекција на медоносни пчели при Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.
Во текот на посетата, учениците имаа можност непосредно да се запознаат со научноистражувачката работа поврзана со биологијата на медоносните пчели, нивната селекција и значењето на пчеларството. Преку непосредно набљудување и разговор со стручни лица, стекнаа нови знаења и практични сознанија кои го надополнуваат нивното теоретско образование.
Посетата продолжи и во хемиската лабораторија за анализа на храна, каде учениците се запознаа со лабораториските постапки, методите и инструментите што се применуваат при испитување и контрола на квалитетот и безбедноста на храната.
Ова беше одлична можност учениците да ја согледаат практичната примена на природните науки во земјоделството, пчеларството, прехранбената индустрија и лабораториската контрола на квалитетот на храната, како и да го поврзат знаењето стекнато во наставата со реални професионални средини.
Учењето не е само во училницата – најдобро се учи кога знаењето се претвора во искуство!
Посебна благодарност до Здружението „Пијанечка Пчелка 2“, кои како дел од својата завршна активност „Пијанечки денови на мед“ ни овозможија да бидеме дел од ова прекрасно и едукативно искуство.
Благодарение на нивната посветеност и љубов кон пчеларството, нашите ученици одблизу се запознаа со одгледувањето на пчелите, пчеларството и пчелните производи, но и со традицијата, знаењето и трудот што стојат зад производството на мед. 🍯🐝
🙏 Благодарност и до домаќините за гостопримството, стручните објаснувања и можноста нашите ученици да се запознаат со современата лабораториска работа.









