Во пресрет на одбележувањето на патрониот празник на училиштето, на 14 април се реализираше квиз на тема „Да научиме за Брицо и СОУ ММ Брицо“.
Во конкуренција од 7 екипи, беа избрани трите најуспешни, кои се истакнаа со своето знаење, посветеност и тимска работа.
Воедно, по повод распишаниот конкурс за ораторство, беа доделени дипломи за освоено прво, второ и трето место.
Им честитаме на сите учесници и наградени ученици за покажаниот труд и постигнатиот успех.







