КОНКУРС ЗА УЧЕНИЦИ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

Клучна акција 1-Краткорочни проекти за мобилност на ученици и кадар во стручното образование и обука за учебната 2024/2025 година

Наслов на проектот:

„Зелени“ технологии во хемиската и текстилната индустрија

„Green” technologies in the chemical and textile industry

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС +, Клучна акција 1-Краткорочни проекти за мобилност на ученици и кадар во стручното образование и обука за учебната 2024/2025 година, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, СОУ,,Методи Митевски Брицо”- Делчево распишува конкурс за учество во проектот „Зелени“ технологии во хемиската и текстилната индустрија  „Green” technologies in the chemical and textile industry , со практична настава и мобилност во Португалија за учениците од Текстилно-кожарската струка.

Право за пријавување на конкурсот имаат учениците од I,II и  III и IV година од Текстилно-кожарската струка/ Текстил, кожа и слични производи.

Времетраење на проектот: 12 месеци од 01.10.2024 до 30.09.2025 година.

Времетраење на мобилност на учениците: 12 дена во  Лисабон, Португалија

Потребни документи

За да се пријавите за учество во проектот, потребно е да ги доставите следните документи:

  1. Пријава (ја подигнувате во училиштето)
  2. Потврда за редовен ученик
  3. Копии од свидетелства од предходните учебни години
  4. Потврда за познавање на англиски јазик (со тестирање)
  5. CV
  6. Мотивационо писмо
  7. Сертификати за учество и награди од натпревари
  8. Согласност од родител (ја подигнувате во Училиштето)

Изборот на кандидатите ќе го направи училишната комисија која е назначена специјално за оваа цел. Резултатите ќе бидат објавени јавно –на огласна табла во училиштето како и на веб страната и официјалната facebook страна на училиштето.

За учество во проектот од СОУ,,Методи Митевски Брицо”, ќе бидат избрани 10 + 2 ученика од Текстилно-кожарската струка/ Текстил, кожа и слични производи. Од кои двајцата ученика ќе имаат резервна улога.

По направената селекција, со секој пријавен кандидат, комисијата, освен што ќе го разгледува образецот за апликација за учество и проценка на кандидатите, ќе направи лично интервју со цел да се потврди мотивацијата на секој ученик во проектот и ќе овозможи да се донесе објективна одлука во изборот на кандидатите. Приоритет при донесување на конечна одлука за изборот ќе имаат оние кандидати за кои ова е единствена можност да учествуваат во професионална пракса во странство.Повеќе информации за проектот кандидатите ќе добијат од комисијата.

Документите заедно со апликација , кандидатите може лично да ги достават кај педагогот на училиштето Емануела Манасиева, или да ги достават  по пошта на адреса: СОУ,,Методи Митевски Брицо” ул. ,,М.М.Брицо ” бр. 35 ,2320 Делчево, а истите ќе бидат разгледани од страна на училишната комисијата во состав:   Директорот на училиштето: Дијана Цонева, координатор на проектот: Стојка Даневска, педагогот на училиштето : Емануела Манасиева и наставниците: Даниела Мијалчова, Желеанка Демирова и Дејан Златков,.

Рокот за доставување на потребните документи е од 16.12.2024 год. до 25.12.2024 год.

Делчево                                                                                             Директор

Датум: 16.12.2024 г                                                                    Дијана Цонева