СОУ МЕТОДИ МИТЕВСКИ – БРИЦО И СРЕДЊА СТРУЧНА ШКОЛА со својот проект “Don’t Give Up, Don’t Gift Up”, ја добија наградата во категоријата НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ, што значи месеци посветени на проектот: креативност, иновативност, коректен пристап за примена на програмските цели во делот на учење и примена на Интеркултурен Дијалог, Решавање на Конфликти, Позитивно градење на мир во Западен Балкан, креирање на прирачник за следните апликанти со совети за пристап и методологија на одржливост на проектот.
Освен со програмските имплентации, проектот играше голема улога во промоција на регионите на двете општини Делчево и Пирот, како и во зајакнување на врските помеѓу наставничкиот колегиум на двете училишта.
Наградата во името на сите ученици ја примија учесниците на завршниот настан во Сараево – SuperschoolsConference RYCOgnized vision: Education as a peace catalyst: (Образованието како Катализатор на Мирот), Лука Стоименовски и Зоран Алиќ со своите наставници – локални координатори Желеанка Демирова и Душица Голубовиќ.
Наградата се додели во присуство на еминенти претставници од Амбасадите, одговорните службени лица од канцелариите на RYCO, донаторите и претседателката на Босна и Херцеговина.