Со почетокот на второто полугодие започнуваат и најголемиот дел од натпреварите организирани од Акредитирани здруженија на наставници и верифицирани од МОН.
Ученички натпревари се составен дел од воспитно-образовните активности кои имаат за цел да го развиваат натпреварувачкиот дух кај учениците, да ги прошират и збогатат знаењата, да се остварат контакти со учениците од други средини, но и да се промовира училиштето и општината. Тие играат значајна улога во развојот на личноста на ученикот, а имаат и значаен ефект врз изборот на нивната професионална определба. Секако влијаат и врз карирата на наставникот како и на училиштето како институција. Учениците под менторство на наставниот кадар учествуваат на :
-училишни натпревари;
-општински натпревари;
-регионални натпревари;
-државни натпревари
Досега ги има следните дати за натпревари.
Биологија
Општински натпревар: 26. јануари
Регионален натпревар: 15. март
Републички натпревар: 18. мај и 27. април за учениците од IV год.
Физика
Општински натпревари 9.февруари.
Регионални натпревари 6.април
Републички натпревари 20.април
Географија
општински натпревари 02.февруари
регионални натпревари 01.март
државни натпревари 26 април
Хемија
Општински натпревари на 23 февруари
Регионални натпревари на 12/13 април
Државни натпревари на 1 јуни (средно I, II, и III кат.)
Математика
Општински натпревар 02. февруари
Регионален натпревар 02.март
Државен натпревар 30март
Со организирање и учество на учениците на овие натпревари се мотивираат да стекнуваат поголеми знаења, а се врши и афирмација на самото училиште преку истакнување на постигнатите резултати на локални медуими и социјалните мрежи.
И оваа година училиштето ќе продолжи со развивање на спортскиот дух на учениците, по одделни спортови и дисциплини. Спортските натпревари во организација на Федерација на училишен спорт започнаа во првото полугодие.
Учениците се подготвуваат за натпревари и по предметите: латински јазик, англиски јазик, француски јазик, италијански јазик и германски јазик.
Им посакуваме успех и високи резултати.
„Клучот за вашата мотивација е во вашата глава. Вашите мисли нека Ве мотивираат на патот кон успехот“.