Нашите ученици го освојуваат светот!

Ученичката Верица Ѓеоргиева и официјално е член на екипата која ќе ја претставува Република Северна Македонија на 31 Меѓународна олимпијада по биологија.

Меѓународната олимпијада по биологија IBO e престижен натпревар на учениците од средните училишта во знаење и решавање на сложени проблеми во биологијата. Оваа година требаше да се одржи во Нагасаки, Јапонија, но поради новонастанатата ситуација ќе се одржи на 11 и 12 август online.

Како врвен натпревар за учениците по биологија во целиот свет, целта на IBO е да ја идентификува, инспирира, зајакне и поддржува следната генерација на лидери во природните науки и да ја развива нивната меѓународна мрежа.

IBO ги спојува најталентираните ученици за биологија ширум светот.

Да се постигне успех на меѓународна олимпијада е многу долг и тежок пат. За да се квалификуваш за учество во македонскиот олимписки тим, мора да си еден од најдобрите.

Верица годинава беше матурант во Средното опшинско училиште „Методи Митевски – Брицо“ во Делчево, каде што беше прогласена за првенец на генерацијата. Ова е уште една потврда за заедничките успеси на Верица и нејзиниот ментор, професорката по биологија Марина Синадиновски. Овој предизвик на светско ниво ќе и биде добредојден за влез во водите на високото образование.

Ваквите деца го менуваат светот.

https://www.ibo-info.org/en/