Нашите ученици – дел од одбележувањето на 82 години од Февруарскиот поход

Во рамки на одбележувањето на Февруарскиот поход, денес нашите ученици активно се вклучија во акцијата за засадување дрвца на планината Голак.Со оваа еко-акција тие не само што дадоа придонес за почиста и позелена иднина, туку и покажаа дека знаат да ја почитуваат традицијата, природата и заедничките вредности.Нивната енергија, тимска работа и посветеност се доказ дека младите се вистинска сила кога станува збор за позитивни промени.

Горди сме на нив и на нивниот активен дух!