За одбележување на „Светскиот ден на водата“ СОУ ,,М.М.Брицо” Делчево ги реализира следниве активности:
• Организирање показни вежби и демонстрации од областа на природните науки;
• Истражувања во природа и набљудување на живиот свет; Изведување на едноставни научни експерименти;
• Учениците преку едукативни игри ќе имаат можност на интересен и интерактивен начин да ги прошируваат своите знаења од географија.
“ Во овие активности ќе бидат вклучени и ученици од деветите одделенија од ОУ,, Ванчо Прќе ” и ,,Св. Климент Охридски”.
Цел на проектот: да се зајакне соработката меѓу училиштата и да се подигне еколошката свест за значењето и заштитата на водата како еден од најважните природни ресурси.
Со оваа активност СОУ „М.М.-Брицо“ Делчево ја продолжува традицијата на едукативни и еколошки настани кои ги поврзуваат учениците со природата и ја поттикнуваат нивната грижа за животната средина.
• подобрена соработка помеѓу училиштата;
• развиени практични и истражувачки вештини кај учениците;
• зголемена еколошка свест и грижа за природата;
• поголема видливост и афирмација на СОУ „М.М.-Брицо“ во локалната заедница.








