На 14 Април нашето училиште го прослави својот патронен празник.
Со свечено полагање на цвеќе на бистата на Методи Митевски – Брицо и низа активности, подготвени од нашите вредни ученици и нивните професори, во салата од училиштето, пред голем број гости од нашата општина, беше одбележан овој свечен настан.
Благодарност до гостите и до учениците што беа дел од настанот.