Учениците од прва,втора, трета и четврта година од Хемиско- технолошката струка при СОУ ,,М.М. БРИЦО“ од Делчево , заедно со професорите по стручните предмети реализираа посета на команијата ,,Рудине“ од нашиот град , на ден 11.02.2020 година со организиран превоз од страна на училиштето.
Во оваа компанија учениците го посетија погонот за преработка на овошје и зеленчук и млекарата.
Благодарение на љубезното и стручно водење низ производствените погони на технолозите вработени во оваа компанија учениците се запознаа со постапката за замрзнување на овошје и зеленчук, преработка на млекото и добивање на млечни производи (кашкавал и бело сирење), со современите машини и апарати кои се користат за таа цел, како и со системот за организација на работа.
Посетата беше интересна и инспиративна за учениците.