Посета на учениците од хемиско-технолошката струка на Макпрогрес (Винчини) Виница и Центрифрути во Виница
Во оваа доба на консумеризам, не е ниту лесно, ниту едноставно да си прифатен, посакуван, уважуван и почитуван.
Производите од линијата на „Винчини“ и „Винчини Фајнест“, благодарение на своите квалитет, состав, вкус, арома и достапност, се уникатно слатко доживување за сите човечки сетила.
Учениците од прехранбената струка во Макпрогрес (Винчини) ги посетија погоните за производство на кекси и кандиторски производи наменети за странскиот пазар. Во овие погони го видоа процесот на производство на кексите, ги видоа тунелските печки во кои се врши печење на одредени производи и клештите во кои се внесени разни модели и се добиваат разни солени производи како рибички и други солени грицки. Производите потоа се миксираат во различен процентуален однос и се пакуваат во специјална амбалажа која се формира автоматски во машините и во кои дозирањето на производите е автоматско. Во индустријата се работи по HASSP систем, ISO стандарди и HALAL. Лабораторијата ја посетија на професорите бидејќи за учениците не беше дозволено. Учениците ја посетија индустријата за безалкохолни пијалоци каде го видоа процесот на производство на газирани и негазирани производи.
При посета на индустријата за безалкохолни пијалоци “Центрифрути” учениците видоа автоматска линија за добивање на газирани и негазирани пијалоци (вода и сокови). Тие го пратеа процесот на добивање на амбалажата (шишињата) и автоматското дозирање и затворање на шишињата со безалкохолниот пијалок. Индустријата е снабдена и со филтри за микробиолошко прочистување на водата пред самото амбалажирање. Процесот на производство на сокови протекува на начин кога се газира H2O со CO2, а потоа се додава концентратот. Во индустријата постои и лабораторија која ја изведува потребната анализа на суровината и производите. Во индустријата видоа современа технологија на производство на безалкохолни пијалоци.