Учениците од нашето училиште денес организираа предновогодишен базар кој беше посетен од учениците од двете основни училишта во нашиот град.
Во оваа празнична сезона кога среќата е нешто најважно, сите изработки беа направени за да се поклонат на учениците и присутните на настанот, но не на било кој начин туку преку тркалото на среќата!
Така ги потикнуваме учениците да негуваат човечки вредности, емпатија и заедништво преку игра и забава.
Се пишуваа позитивни пораки и се прикачуваа на нашата новогодишна елка, со цел да ја красат годината како лампиони!
Забавата беше збогатена од музиката на нашите ученици , DJ Брајан и DJ Димитар.
Горди сме што преку вакви активности образованието го претвораме во животна лекција.


Повеќе информации на следното видео:














