На 28 октомври 2019 година во просториите на училиште се одржа презентација на Амеркинаскиот универзитет во Бугарија. На презентацијата присуствуваа ученици од прва до четврта година гимназиско образование.
AUBG е универзитет кој е основан 1961 година во Благоевград во Република Бугарија кој нуди амерички стил на образование во Европа. На студентите им дава можност да комбинираат различни области на студирање со цел на остварување на професионален успех и лично задоволство.
На презентацијата присуствуваше проф. Lucci, кој предава филозофија на АУБГ и истиот одржа предавање на темата – “Should we kill the fat man? The trolley problem and normative ethics”. Предавањето се одвиваше на англиски јазик.
Исто така на самата презентација беше присутен и претставник од Универзитетот, г-ѓа Ана Спасова како и студентот од Македонија Климент Стамнеков.