Продолжуваат активностите за промоција на безбедна училишна средина во СОУ „М.М-Брицо“

Денес во нашето училиште продолжија активностите започнати од минатата учебна година како дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, во организација на Прва детска амбасада во светот Меѓаши.Активностите се однесуваа на :-спроведување на врсничка едукација, на којашто 10-те врснички едукатори ја спроведоа одобрената методологија на тема препознавање и превенција на насилство во училишната средина и го пренесоа своето знаење на над 60-тина средношколци од нашето училиште, и -средба со родители чијашто активност и вклучување во превенција од насилство во училиштата претставува една од активностите во промовирање на сеопфатен пристап за градење на безбедна училишна средина.