Во овие тешки времиња кога нашите ученици мораа да го сменат начинот на учење, многу од нив се соочија со проблемот да немаат можност да бидат дел од образовниот процес. Токму во овие времиња, хуманоста и солидарноста излегуваат на дело. Сите овие деца кои се во образование се и наши деца. Сакаме да изразиме огромна благодарност кон германската софтверска компанија d.velop AG https://www.d-velop.com/, нашата поранешна ученичка Симона Стојановска (родена Милчевска) за нејзината иницијатива, за нивната љубов и хуманост кон нашите деца.
Искрена благодарност за вашата несебична помош и поддршка, Вашата отвореност, Вашaта желба да го оствариме заеднички правото на секое дете да има пристап до современите технологии и можност да ја следи он-лајн наставата.
Светот е мал, а сеќавањето на вас ќе биде големо!