Денес (13 февруари 2026, 12.00 часот), во свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје се одржа завршниот настан од натпреварот „Античка приказна инспирирана од фотографија“, во организација на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет, а по повод јубилејот 105-години од основањето на факултетот. 49 ученици од средните училишта од повеќе градови во државата (Скопје, Куманово, Делчево, Струга, Битола, Велес, Гевгелија, Македонска Каменица) направија фотографии на артефакти и археолошки локалитети од антиката или креативни фотографии и создадоа приказни поврзани со овие фотографии.
На завршниот настан беа прочитани најдобрите приказни. Меѓу најдобрите 10 се најдоа и приказните од нашите ученички Јована Димитровска и Нела Јовановска а под менторство на професорката по Латински јазик – Билјана Ивановска.Ученичките инспирирани од нашето културно наследство истражуваа, направија фотографии во Археолошката поставка во Делчево, поврзуваа факти и фантазија, создадоа приказни со кои достојно и успешно го претставија училиштето и општината.
Честитки за ученичките и нивните инспиративни идеи.
Нека знаењето, креативноста и талентот ве носат кон многу успеси.




