Денес во нашето училиште беше одржана втората работилница на UP SHIFT програмата , со поддршка на УНИЦЕФ и Фондот за иновации и технолошки развој.Ментор ги водеше учениците низ клучните чекори од фазата Истражување и дефинирање на проблемот – еден од најважните делови во процесот на дизајнерско размислување.
UP SHIFT методологијата се базира на пристапот на дизајнерско размислување – техника што потекнува од светот на иновации и дизајн. Овој пристап се темели на верувањето дека најдобрите решенија произлегуваат од длабоко разбирање на проблемите и потребите на луѓето што се соочуваат со нив.

Учениците беа поттикнати да ги идентификуваат предизвиците од својата околина, да размислуваат критички, да соработуваат и да развиваат иновативни идеи кои можат реално да направат промена.





