Со одлука на Директорот на училиштето а според Правилникот за наградување на постигањата на учениците, оние ученици кои во учебната 2023/24 година постигнаа високи резултати на меѓународни и државни натпревари, односно се стекнаа со медали или награди, заедно со своите ментори беа наградени со еднодневна екскурзија.На 24 октомври тие го посетија споменикот Македониум и Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево а слободното време го искористија за дружење и заеднички ручек. Честитки до сите ученици кои успешно го претставуваа нашето училиште со најдобри постигнати резултати на меѓународни и државни натпревари. Очекуваме дека оваа награда дополнително ќе ги стимулира учениците да продолжат да постигнуваат нови успеси и признанија во натамошното образование .
![]()
![]()
Најдобри меѓу најдобрите во минатата учебна година беа:
Ева Ивановска IV год.
Стефанија Ќурчиска IV год
Ива Цонева III год.
Лука Стоименовски III год.
Даме Ивановски III год
.
Милена Ангелова II год
.
Ања Димитровска II год
.
Огнен Малешевски II год
.
Ева Стоименовска II год.
Нела Јовановска II год.
Марија Јанковска II год.![]()
Лора Гоцевска II год.
Честитки и до професорите кои секојдневно вложуваат во постојаното надградување на учениците: проф. Желеанка Демирова, проф. Марина Синадиновски, проф. Анета Николова, проф. Дијана Атанасова и проф. Елена Димитровска.











