Во рамки на одбележувањето на Февруарскиот поход, денес нашите ученици активно се вклучија во акцијата за засадување дрвца на планината Голак.Со оваа еко-акција тие не само што дадоа придонес за почиста и позелена иднина, туку и покажаа дека знаат да ја почитуваат традицијата, природата и заедничките вредности.Нивната енергија, тимска работа и посветеност се доказ дека младите се вистинска сила кога станува збор за позитивни промени.
Горди сме на нив и на нивниот активен дух!










