На 14.03.2026год. во просториите на гимназијата Георги Димитров во Скопје се одржа државниот натпревар по германски јазик .
Нашата ученичка Бојана Стојковска Божиновска од I-година под менторство на проф. Лидија Таушански освои II награда.
Овој успех претставува потврда за нејзиниот континуиран труд, сериозен пристап кон наставата и љубов кон странските јазици.
Горди сме што нашата гимназија создава ученици кои со своите знаења и постигнувања достојно го претставуваат училиштето.
Честитки и уште многу нови победи и достигнувања во иднина!
