SuperSchools 2026

Во периодот од 23 до 28 март нашето училиште имаше чест да биде домаќин на ученици и наставници од Средното економско и техничко училиште од Тирана, во рамки на меѓународната образовна програма #SuperSchools. 🤝🌍

Во текот на нивниот престој, беа реализирани бројни заеднички активности, исполнети со учење, креативност и дружење.

Учениците од прехранбената струка подготвија вкусна и креативна трпеза за пречек, покажувајќи гостопримство, вештини и тимска работа.

Во рамки на програмата, проф. Даниела Мијалчова одржа инспиративна презентација, преку која учениците научија како старата облека може да добие нов живот. Со помош на маркери за текстил, тие трансформираа обични маици во уникатни уметнички дела.

Дополнително, активностите беа насочени и кон развивање вештини за решавање конфликтни ситуации и справување со говорот на омраза, при што учениците креираа и сопствени кампањи за ширење пораки за мир, разбирање и љубов.

Во рамки на посетата, учениците имаа можност да ги посетат и компаниите „Брегал“ и „Фротирка“ во Делчево, каде одблиску се запознаа со реалниот сектор, претприемништвото и производствените процеси.

Ова искуство остави силни впечатоци, нови знаења и инспирација кај сите учесници.

Благодарност до сите кои придонесоа за успешната реализација на активностите!

Во периодот од 23 до 28 март, 15 ученици од прва, втора и трета година и 2 професори од СОУ „Методи Митевски-Брицо“ учествуваа во втората возвратна размена во Средното економско и техничко училиште од Тирана, како дел од проектот Bridges to Unity од програмата #SuperSchools.

Во текот на оваа размена беа реализирани бројни активности исполнети со учење, соработка и меѓукултурна размена.

Преку работилници, интерактивни сесии и дружење со врсници, учениците стекнаа нови знаења, искуства и пријателства, промовирајќи ги вредностите на меѓукултурниот дијалог, соработката и меѓусебното почитување.

Во рамки на програмата беа реализирани работилниците “Our Culture, Our Stories” и “Interactive Session: What is Intercultural Dialogue?”, каде учениците активно учествуваа и разменуваа идеи и искуства.

Учениците имаа можност да посетат значајни културни и историски локации како „House of Leaves“ и „Bunk’Art 2“, како и да уживаат во прошетка низ Големиот парк на Тиранското Езеро.

Во текот на престојот се одржа и средба со висока делегација, како и посета на TUMO центарот за технологија, каде учениците се запознаа со современи пристапи во учењето и креативниот развој.

Посебен впечаток остави работилницата “How Do We Understand Freedom and History”, по која следуваше доделување на сертификати и заедничка дружба исполнета со позитивна енергија и нови пријателства.

Оваа размена претставуваше драгоцено искуство, полно со знаење, културна размена и спомени кои ќе останат трајно запаметени.

Горди сме што нашите ученици беа дел од проект кој гради мостови на соработка, разбирање и заедничка европска иднина!