На Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 6 и 7 март 2020 година, во организација на Македонското астрономско друштво (МАД) се одржа XXII Зимска школа по астрономија. Предавањата на школата по астрономија беа од популарен карактер, со актуелни теми кои ги опфаќаат најновите астрономски достигнувања. По предавањата, во попладневните часови на 6 март, учениците имаа можност да го посетат Планетариумот во кој ќе имаа дополнително предавање.
Во склоп на Школата на 7 март (сабота) за учесниците на Школата кои сакаа да си ги одмерат своите знаења од астрономија беше одржан натпревар по астрономија. На натпреварот учествуваа и ученици од IV година од СОУ Методи Митевски Брицо – Делчево, на кој ученичката Евгенија Пандова од IV-1 клас освои III награда.
Честитки за успехот.