Горди на уште еден прекрасен успех!
Нашето училиште денес беше дел од Велигденската изложба во Градскиот парк во Делчево, каде што учениците од прехранбената струка и ликовниот клуб заедно со своите професорки, се претставија со многу креативност, труд и љубов.
Со својата посветеност, умешност и тимска работа, тие заслужено го освоија ПРВОТО МЕСТО!
Посебна благодарност упатуваме до Рудине М. М, кои донираа дел од суровините за изработка на производите и дадоа свој придонес во ова прекрасно претставување.
Ви благодариме за поддршката! Честитки за нашите вредни ученици и професорки за овој прекрасен успех и достојното претставување на нашето училиште!










