„Мајка-тивка хероина на секојдневието“

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, од страна на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“-Делчево, беше распишан литературен конкурс на тема „Мајка-тивка хероина на секојдневието.На конкурсот активно учество зедоа и нашите ученички, покажувајќи ги преку своите литературни творби својата креативност, инспирација и љубовта кон пишаниот збор.На денешниот свечен настан кој се одржа во Мултифункционалниот центар во Спомен домот АСНОМ, беа доделени наградите и благодарниците на наградените учесници на конкурсот, а исто така беа прочитани и дел од наградените творби.

Во категоријата средношколци наградени се нашите ученички:Леонора Жежовска, IV година, освои I награда

Теона Ефтимовска, IV година, освои III наградаМентор: проф. Милена Глинџарска

Сара Ангелова, IV година, освои II наградаМентор: проф. Лидија Дамјанова

Им благодариме за вложениот труд и достојното претставување на нашето училиште и ги охрабруваме и понатаму да продолжат да творат, да го развиваат својот талент и да го негуваат и збогатуваат својот мајчин јазик.