Нашето училиште повторно е дел од проектот Суперучилишта

СОУ Методи Митевски-Брицо заедно со Директорката Дијана Цонева, Координаторот Емануела Манасиева и Супершампионот Желеанка Демирова, на свечената церемонија што се одржа во Хотел Панорамика на 23ти Септември 2025 г., со дел од проектениот координативен тим, го потпиша договорот за имплементација на четвртиот циклус на проекти од програмата на СуперУчилишта со Регионалната Канцеларија за Младински Политики.

На свеченоста зедоа учество со свое обраќање и високи претставници од поддржувачите на Програмата: Елена Ивановска – Генерален Секретар на Министерството за Образование и Наука, Александар Албу – раководител на активности од Делегацијата на ЕУ во нашата држава, Фатмир Сабриу – Генерален Секретар на Министерството за Социјални Политики и Демографија, извршниот директор на GIZ, како и целиот раководен тим на Регионалната Канцеларија за Младински Политики во Скопје.Со тоа, училиштето влегува официјално во процесот на подготовка за реализација на меѓународниот проект со партнерско училиште од Тирана.