Учениците од нашето училиште, во согласност со годишната програма за Кариерно советување, на 22 април, активно учествуваа на Отворениот и кариерен ден на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. На настанот, на кој присуствуваа над 1.000 средношколци од повеќе градови, нашите ученици имаа можност да се запознаат со студиските програми, условите за упис, како и со бројните можности за понатамошно образование и професионален развој.
Преку директна комуникација со претставници од факултетите и компаниите, учениците добија корисни информации што ќе им помогнат при изборот на нивната идна професија.
Ваквите активности претставуваат значаен чекор во насочувањето на младите кон правилен избор на кариера и градење успешна иднина.










