Нашето училиште имаше чест и задоволство да оствари значајна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави. Во пријатна и мотивирачка атмосфера, учениците и професорката споделија искуства, идеи и размислувања за младите, образованието, културата и можностите за меѓународна соработка.Нашата ученичка Елена Димитровска зборуваше за животот на младите во Делчево, нивните предизвици и перспективи, како и за можностите што би придонеле за подобра иднина на младите во нашиот град.Амелиа Џемал го сподели своето искуство како логистичка поддршка на натпреварувачки тим, истакнувајќи ја важноста на тимската работа, организацијата и одговорноста, како и можностите преку кои младите стекнуваат нови вештини, знаења и драгоцени искуства.Јована Димитровска ја претстави работата на англискиот клуб и неговата вклученост во меѓународен проект, кој им овозможува на учениците да ги развиваат своите способности, да соработуваат со врсници од други земји и да откриваат нови можности за личен и образовен развој.Во текот на средбата се разговараше и за културното наследство, значењето на зачувувањето на традицијата и културниот идентитет, како и за важноста на меѓусебното запознавање и почитување на различните култури. Посебен акцент беше ставен и на можностите за ученичка размена во САД, кои им овозможуваат на младите да го усовршат англискиот јазик, да запознаат нови култури, да стекнат меѓународни пријателства и да стекнат искуства што ќе придонесат за нивниот личен развој.Нашата професорка се осврна на патот што англискиот клуб го поминал до досегашните успеси, нагласувајќи дека зад нив стојат многу труд, посветеност и тимска работа. Притоа, упати искрена благодарност до РЦЗ Делчево за нивната континуирана поддршка и придонес во создавањето нови можности за учениците.Оваа средба беше прекрасна можност за размена на идеи, стекнување нови перспективи и поттик за идни успеси. Таа уште еднаш покажа дека младите имаат потенцијал, идеи и желба активно да придонесуваат во својата заедница, а со вистинска поддршка можат да ги претворат своите можности во значајни достигнувања.Благодарност до амбасадорката на САД за посетата, отворениот разговор и инспиративната средба! ![]()
Инспиративна средба со амбасадорката на САД – младите, образованието и новите можности!


