На 21 февруари ,во светот се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој што беше прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во1999 година. Во 2000 година ,овој ден е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.
По тој повод , учениците од Училишната заедница при СОУ„М.М-Брицо“ организираа литературен конкурс на кој учествуваа ученици од нашето училиште но и од основните училишта во градот.
Комисијата составена од професори по Македонски јазик и книжевност додели три награди на следните ученици:
-прво место за Ева Ивановска
-второ место за Елена Ангеловска
-трето место за Сара Ангелова
Наградените ученици ги прочитаа своите литературни творби преку кои испратија пораки за негување на македонскиот јазик.
Честитки за наградените ученици и уште многу успеси во иднина.