Одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

На 21 февруари ,во светот се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој што беше прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во1999 година. Во 2000 година ,овој ден е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

По тој повод , учениците од Училишната заедница при СОУ„М.М-Брицо“ организираа литературен конкурс на кој учествуваа ученици од нашето училиште но и од основните училишта во градот.

Комисијата составена од професори по Македонски јазик и книжевност додели три награди на следните ученици:

-прво место за Ева Ивановска

-второ место за Елена Ангеловска

-трето место за Сара Ангелова

Наградените ученици ги прочитаа своите литературни творби преку кои испратија пораки  за негување на македонскиот јазик.

Честитки за наградените ученици и уште многу успеси во иднина.