Одбележување на патрониот празник на нашето училиште

Со полагање на цвеќе пред бистата на Методи Митевски – Брицо во училишниот двор и изведба на неколку активности од учениците,на 15 април, беше одбележан патрониот празник на нашето училиште.Оваа година славиме 61 година од постоењето на училиштето. Претставници од политичкиот, општествен и културен живот во градот, поранешни вработени и ученици ,гости од „Средна стручна школа“ од Пирот, Р. Србија присуствуваа на прославата,при што воведно обраќање имаше директорката на училиштето Дијана Цонева. Продолжуваме со вредна и квалитетна работа на нашиот наставен кадар и учениците.

Нека ни е честит и вековит Патрониот празник на училиштето !