Во периодот од 26.01.2025 до 01.02.2025 , СОУ „Методи Митевски-Брицо“ беше домаќин на учениците од Средња Стручна Школа-Пирот, како дел од првата размена од проектот Superscools.
Целта на оваа програма е да се поддржи процесот на помирување и градење мир,како и интекултурен дијалог помеѓу училиштето и учениците ,преку ученичка размена.
Учениците, во текот на оваа недела,учествуваа во повеќе работилници за идентитетот,решавање конфликти, професионална ориентација и др.
Преку едукативни работилници , учениците од Р.Србија имаа можност да ги истражат и запознаат културните знаменитости на Делчево, да посетат јавни институции и дел од бизнис секторот, Фротирка компани.
Посебен белег остави посетата на германската амбасадорка во Р.С.М , г-ѓа Петра Дрекслер и претставници од ЕУ и Министерството за социјална политика. Младите отворено разговараа за образованието,еколошките иницијативи, можностите за мобилност на младите на Балканот.
Програмата кoja придонесува за постигнување на целокупната цел за зголемување на вештините и знаењето на младите луѓе во Западен Балкан e кофинансиранa од Европската унија и германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од страна на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионалната канцеларија за соработка на младите (RYCO).