На 15 април , со гордост и благодарност го славиме патрониот празник на нашето училиште – денот кога се сеќаваме и им оддаваме почит на делото и животот на Методи Митевски – Брицо.
Неговото дело и пример нека нè водат кон заедништво, добрина и знаење.По тој повод денес во училиштето се организираше свечена програма на којашто учество зедоа учениците од Училишниот хор, модна ревија од учениците од Текстилно-кожарската струка и вкусни изработки од учениците од Прехранбена технологија.
Присутните ги поздрави директорката на училиштето, Дијана Цонева, која рече дека денешниот ден е потсетник дека знаењето е моќ, дека воспитувањето е најважна инвестиција и дека заедништвото, посветеноста и соработката се темели врз кои се гради училиштето. Честит патронен празник до сите вработени и ученици во СОУ „М.М.Брицо“.
Видео од одбележувањето на настанот