ПОСЕТА НА БРИСЕЛ

Од 03.02.19 до 07.02.19 година во образовната посета на Брисел зедоа учество 35 ученика од Источна Македонија, од кои 15 беа од Делчево, и по 5 ученика од Берово, Виница и Македонска Каменица. Со ова за прв пат на учениците им се пружи шанса да го посетат Европскиот парламент, Парламентариумот, како и други знаменитости на Брисел.

Целата група беше предводена од професорката Весна Димитровска, како и членови од Собранието во Делчево и членови од Фондацијата “Бугарска Памет”. На тој начин имаа можност да научат повеќе за Европските институции, за тоа како се одвива нивната работа и да го почуствуваат духот на Обединета Европа.

Конкретно, при посетата на Парламентот имале прилика да се запознаат со важни личности, со кои можеле да поразговараат. Тие со учениците споделиле некои нивни лични искуства и ги упатија за нивната работа во Парламентот. Учениците присуствуваа на еден вид предавање во една од салите на Парламентот, во кое самите ученици повеќе се запознале со историјата на Европската Унија како и за нејзините земји членки.

Сето ова за учениците претставува големо и прекрасно искуство со кое тие создадоа спомени за цел живот , со надеж дека еден ден тие ќе бидат главниот фактор кои ќе придонесат за подобра иднина.

Текстот го подготви

Ташевска Ана ученик од IV-4

Leave a Reply